ВИДЕО: Ајакс ја верификува 34. титула со уште една голеада!

Вечерва стигна математичка потврда на титулата на Ајакс во Ередивизие. „Копјаниците“ славеа на теренот на Де Графшап со 1-4 и со три бода пред ПСВ Ајндховен први минаа низ целта во холандскиот маратон од 34 кола.

Ајакс се радува на титула по пет години, а начинот на кој што момците на Тен Хаг ја освоија титулата е одушевувачки. И во последното коло екипата од Амстердам ја покажа својата класа и славеше со Де Графшап на полесен начин од предвиденото. Ова е 34-та титула на рекордерот во холандскиот фудбал. 

Тадиќ беше стрелец на два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Таљафико и Шоне. Единствениот гол за поразената екипа го постигнаа Ел Жебли.

  • Извештај од натпреварот: 

ПСВ Ајндховен, кој вечерва го совлада Хераклес со 3-1, следната сезона ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Феенорд и АЗ Алкамр ќе ја претставуваат Холандија во Лига Европа, а лигата ја напушти Бреда