Ајакс ја донесе замената за Де Лихт од аргентинска Дефенса и Хустисија

Екипата на Ајакс донесе ново име во своите редови кое ќе биде замена за Матијс Де Лихт, кој речиси сигурно ќе замине од тимот и ќе ја засили шпанска Барселона.

Нов член на „копјаниците“ е аргентинскиот стопер Лисандро Мартинез. 21-годишниот играч доаѓа од аргентинска Дефенса и Хустисија, а со екипата на Ајакс потпиша четиригодишен договор, со опција за продолжување.

Мартинез беше клучна алка во одбраната на аргентинскиот тим во 2018 година, кога во лигата се заврши на втората позиција. Директорот на Ајакс, Марк Овермарс, истакна дека од овој играч се очекува многу во холандскиот првак.

Дефанзивецот покрај за Дефенса и Хустисија играше и за Њуелс Олд Бојс. За репрезентацијата на Аргентина тој има еден настап, на пријателски натпревар против Венецуела во Мадрид на 22 март.