Ајакс има нов Ибрахимовиќ: Ја издрибла цела одбрана на Бреда! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ајакс од Амстердам, Мика Годтс, постигна прекрасен погодок на натпреварот со Бреда во домашното првенство. 

Ајакс славеше со конечни 0-2, а голот на Годтс остави огромен впечаток и бргу стана вирален на социјалните мрежи. Се играше 41. минута, кога гостинскиот играч доби топка на средината од теренот, истрча кон шеснаесетникот и ја мина целата домашна одбрана, вклучително и голманот Даниел Биелица. 

Немаше проблеми да ја смести топката во празната мрежа, потврдувајќи ја четиринаесеттата сезонска победа на „копјаниците“ оваа сезона. За Годтс ова беше шеснаесетти погодок сезонава.