Ајакс гостува во Лондон и игра за реванш против Челзи

Челзи Ајакс

Франк Лампард и неговиот Челзи ќе играат за втора победа против одличниот Ајакс во рамки од групата Х. Младиот состав од „Стемфорд Бриџ“ го шокира противникот во Амстердам и однесе големи три бода во борбата за првата позиција на табелата.

Одлични вести за премиерлигашот пристигнаа пред неколку дена. Неуморниот Н'Голо Канте би требало да се врати во тимот и да добие минутажа на денешниот натпревар во Лондон. Французинот се повреди за време на репрезентативните обврски и ги пропушти последните пет меча на „сините“.

„Копјаниците“ можат да се потпрат на традицијата во пресрет на вечерашното гостување во Англија. Тие немаат пораз на европските предизвици на англиско тло, остварувајќи една победа и три реми средби. 

Овој директен дуел ќе каже многу кога е во прашање лидерската позиција на табелата. Предност на денешната средба му се дава на Челзи, кој е во подобра форма, што го докажа на гостувањето во Холандија пред две недели.

Екипата на Валенсија е голем фаворит против Лил на „Местања“. Шпанскиот прволигаш со евентуални три бода дополнително ќе ги заплетка работите во групата и ќе се врати во игра за пласман во следната фаза.

Ремито во Франција во минатото коло беше кикс кој никој во таборот на „лилјаците“ не го очекуваше. Затоа можност за поправен фудбалерите ќе имаат вечерва пред своите навивачи.