ВИДЕО: Ајакс го запоседна врвот на Ередивизие, но го загуби Френки Де Јонг

Ајакс ја продолжува мртвата трка со ПСВ Ајднховен во Ередивизие, но претрпе силен удар по повредата на Френки Де Јонг на три дена до гостувањето во Торино во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Идниот фудбалер на Барселона заради мускулна повреда уште во 27. минута го напушти теренот на дуелот Ајакс - Ексцелсиор и неизвесен е за настап против Јуве.

„Копјаниците“ извојуваа победа од 6-2 и се искачија на врвот на табелата. Пак блескаша Тадиќ, од кого започнуваа и завршуваа скоро сите акции на четирикратниот европски првак. Србинот и двапати ветеранот Хунтелар до одморот го решија прашањето на победникот. Во вториот дел меѓу стрелците се запишаа Долберг и пак Тадиќ и Хунтелар. За гостите од Ротердам реализираа Ел Хамдауи и Форт.

  • Извештај од натпреварот: 

Во пресрет на утрешниот натпревар на ПСВ Ајндховен против Де Графшап, Ајакс е лидер со три бода повеќе од шампионот на четири кола до крајот на првенството на Холандија.