Ајакс го „врза“ Нико Таљафико до 2022 година

Екипата на Ајакс почна да обновува договори со фудбалери од актуелниот состав, па еден од првите на листата е Николас Таљафико кој игра одлична сезона.

Ајакс е хит во Европа поради добрите игри во Лигата на шампионите. Тимот е на прагот да се пласира во финалето, а Таљафико е еден од клучните играчи. Аргентинецот поради тоа доби нов договор од управата, која не остави ништо на случајноста и двете страни потпишаа до 2022 година.

Левиот бек даде шест гола и забележа уште осум асистенции оваа сезона во Лигата на шампионите. Во редовите на Ајакс, Таљафико пристигна од Индепендиенте во 2018 година.