Ајакс го продава Хаким Зијеч, но само за прифатлива понуда

Напаѓачот на Ајакс, Хаким Зијеч, би можел оваа зима да ги напушти „копјаниците“ и да бара нова средина надвор од Амстердам.

Мароканецот е еден од главните играчи на тимот и игра во одлична форма, а Ајакс чека на понуди. Зијеч е на продажба, но од холандскиот тим ќе го направат тоа само ако добијат прифатлива понуда.

Зијеч беше еден од најдобрите играчи на Ајакс изминатата сезона, а поради добрите игри е на радарот на англиски Челзи

Фудбалерот има договор со тимот до 2022 година, а сумата која се бара е околу 50 милиони евра.