• Горан Упале

На крајот на јануари, по серијата лоши резултати, раководството на Ајакс се реши да му врачи отказ на Алфред Шредер, кој на почетокот на сезоната го замени Ерик Тен Хаг.
Прво беше одлучено Џони Хејтинга, легендата на клубот, да биде привременото решение за натпреварот против Екцелзиор, а откако првиот тест беше успешно положен, следуваше договор до крајот на сезоната.
„Убедени сме дека ова е вистинското решение. Џоин е на јасен и стабилен пат, а со текот на годините се развиваше како сериозен тренер. Имавме бројни разговори во раководството, а разговаравме и со Џони. Тимот сега треба да се подобри, да работи на самодоверба и да се развива постепено. Останува уште многу борба оваа сезона“, изјави Едвин ван дер Сар.
Откако се повлече од активното играње, Хејтинга ги предводеше помладите селекции на Ајакс, а во ноември го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2025 година.