Ајакс го наостри „копјето“ за големото дерби со ПСВ

Во холандското првенство се одиграни само 14 од вкупно 34 кола, ама досегашните резултати на водечките екипи ја сведуваат шампионската трка на две „грла“ – првопласираниот Ајакс и неговиот прв следбеник ПСВ, две екипи кои ги раздвојува само еден единствен бод.
Формата со која заминаа на кратка божиќно/новогодишна пауза и на едните и на другите им дава реални шанси во пресрет на дербито кое би можело да го одреди понатамошниот тек на настаните во Ередивизие. Ако ги гледаме сите натпреварувања во кои настапуваат големите ривали, предноста на „филипсовци“ е серијата од пет победи која нивната самодоверба ја крена до врвот.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Ајакс - ПСВ 

Од друга страна, „копјаниците“ во истиот период имаа две разочарувања, од кои многу поголемо беше оној пораз од Аталанта во директната пресметка за местото во осминафиналето од Лигата на шампионите. На елиминацијата се надоврза неочекуваното првенствено реми против Вилем Втори, а на ова му претходеше апсење на холандскиот репрезентативец Квинси Промес поради сомневање дека за време на летото со нож повредил роднина за време на семејна прослава.

Збирот на сите тие настани донесе немир меѓу избраниците на Ерик Тен Хаг, но прашање е дали великанот од Ајндховен ќе успее да го искористи. ПСВ според квалитетот речиси и не заостанува зад Ајакс, но неискуството му е приличен хендикеп – Гронинген е единствен член на елитата со помлада постава. Притоа, нивните меѓусебни дуели во последните сезони најчесто носеа кецови, па без разлика на целото знаење на тренерот Роџер Смит, јужњаците сигурно ќе бидат во подредена улога на „Јохан Кројф Арена“. На оние кои се сомневаат во кецот имсоветуваме 2-4 гола, а обложувачите кои типуваат на Ајакс нека подразмислат за некоја комбинација со голови.