ВИДЕО: Ајакс го надигра ПСВ и го крена трофејот во холандскиот Суперкуп

Екипата на Ајакс за првпат по долго време се радува на трофеј во холандскиот Суперкуп, затоа што во мечот за титула со 2-0 (1-0) славеше над големиот ривал ПСВ Ајндховен. 

  • Извештај од натпреварот:

„Копјаниците“ немаа титула во ова натпреварување од 2013 година, но со доминантна партија успеаја да дојдат до целта.

ПСВ само еднаш шутна во рамки на голот на Ајакс, па домаќинот на „Јохан Кројф Арена“ имаше шанса да покаже уште еднаш дека и оваа сезона е главен фаворит за тронот во холандските натпреварувања.

Резултатот на средбата се отвори по само 35 секунди игра. Само што тргна од центарот Ајакс влезе во шанса. Ван де Бек се проби по десната страна, проигра во шесанесетникот, а таму беше Долберг кој го отвори мечот. Конечниот епилог беше поставен во второто полувреме, кога во 53. минута погоди Блинд, со моќен шут од далечина.

За Ајакс ова е деветти трофеј во Суперкупот и тимот е втор на „вечната листа“. Лидер е ПСВ, со вкупно 11 трофеја.