ВИДЕО: Ајакс го грабна Купот на Холандија, освоена првата од трите титули

Фудбалерите на Ајакс го освоија првиот од трите можни трофеи оваа сезона. „Копјаниците“ се победници на Купот на Холандија, откако во финалето во Ротердам го декласираа Вилем 2 со 4-0 (2-0). Рутински и со половина од силите момците на Тен Хаг ја завршија работата и заштедија дел од силите за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Тотенхем.

Ајакс започна со најдобриот тим и без калкулации и во првиот дел ги разреши дилемите околу победникот. Ветеранот Клас Јан Хунтелар со два гола беше архитект на победата, а по еден гол постигнаа Блинд и Кристенсен.

Тимот  на Тен Хаг во свои раце ја има и титулата во Ередивизие, а со предност од 0-1 се врати од Лондон, каде го совлада Тотенхем во полуфиналето на Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот: