ВИДЕО: Ајакс го декласира Феенорд во првиот овосезонски „Дер Класикер“

Најтрадиционалниот фудбалски дуел во Холандија, популарниот „Дер Класикер“ меѓу Ајакс и Феенорд заврши со убедлива победа на „копјаниците“ од Амстердам со 3-0 (2-0). Раното исклучување на Џери Сент Џус уште во 6. минута ги остави момците на Џовани ван Бронкхост.

Вториот голем малер на гостите беше автоголот на Џастин Билоу на половина од првиот дел. Кога Мароканецот Хаким Зијеч на четири минути пред одморот зголеми на 2-0 извесно беше дека Феенорд го чека голеада.

Во вториот дел од многубројните шанси, Ајакс реализира една од последните и Душан Тадиќ во 80. минута ги постави финалните 3-0.

Со оваа победа Ајакс остана на второто место со пет бода помалку од перфектниот ПСВ Ајндховен на Марк ван Бомел кој има десет победи во исто толку натпревари.