• Зоран Мишевски
Ајакс е првиот финалист на Купот на Холандија, откако во „Дер Класикер“ полуфиналето на „Де Кујп“ во Ротердам го совлада најлутиот ривал Феенорд со 0-3 (0-1). Ова е своевиден реванш за „копјаниците“ за поразот од 6-1 во првенствениот дуел против истиот ривал.
Одлуката за финалистот падна во финишот на првиот дел кога Де Лихт по корнер од левата страна најдобро се снајде и го отвори резултатот. По само четири минути во вториот дел Таљафико од нова мешаница зголеми на 0-2, а во самиот финиш Дони ван ден Бик ги постави финалните 0-3.
Протиник во мајското финале на Ајакс ќе му биде поуспешниот од утрешниот дуел меѓу Вилем 2 и АЗ Алкмар.