Ајакс е пречка за Рома на патот до полуфиналето во Лигата на Европа

Најдобрата сезона во историјата на Ајакс беше 1971/72. Тогаш „копјаниците“ предводени од познатиот романски тренер Штефан Ковач ја освоија Ередивизија, Купот на Холандија и тогашниот Куп на Шампиони. Ковач ја надогради филозофијата на таканаречениот „тотален фудбал“ која ја зачна неговиот претходник Ринус Михелс, а неговите идеи совршено ги спроведоа генијалниот, сега за жал покоен, Јохан Кројф и другите мајстори како Руд Крол и Ари Хан.

Сите квоти за натпреварот меѓу Ајакс и Рома

Гигантот од Амстердам на големо размислува за повторување на успехот на таа сјајна генерација: во првенството има практично недостижни 11 бода предност над ПСВ и АЗ Алкмар (со натпревар помалку), во Купот ќе се бори за пехар со Витесе кој во последно време нередовно победува, а во четвртфиналето на Лигата на Европа ѝ фрли мерак на Рома.

Немаме ниту најмала желба однапред да ја отпишеме „волчицата“ која во второто најсилно клупско натпреварување покажа неколку врвни партии и во нокаут-фазата лесно ги елиминира Брага и Шахтјор, но променливата форма на избраниците на Пауло Фонсека ја доделува фаворитската улога на Холанѓаните. Покрај тоа, меѓусебните односи меѓу „џалоросите“ не се идеални, попрецизно, меѓу португалскиот стручњак и еден од омилените играчи на навивачите и долгогодишен најдобар стрелец Един Џеко, кој поради конфликт со Фонсека дури остана и без капитенската лента и речиси сигурно е дека во текот на летниот преоден рок ќе го напушти „Олимпико“.

Квоти за останатите четвртфинални мечеви во ЛЕ

За крај, Рома има половичен учинок со холандските клубови, а на нејзините фудбалери сигурно нема да им е сеедно поради серијата на Ајакс од осум победи на домашен терен, со тоа што имаат и знаење и искуство барем еднаш да го совладаат својот некогашен чувар Мартен Стекеленбург.