• Горан Упале

Тешко дека Ајакс бил во покомплицирана и понезгодна ситуација во овој век. Околу најголемиот холандски клуб владее многу лоша атмосфера, како во соблекувалната, така и надвор од неа. Спортскиот директор Свен Мислинтат веќе доби отказ поради трансфер скандалот, а по истиот пат, што подалеку од арената „Јохан Кројф“, се очекува да тргне и неуспешниот тренер Морис Стајн.
Можеби веќе во недела, ако „копјаниците“ не успеат да слават против АЗ Алкмар, кој е во многу добра форма и го следи чекорот на лидерот од Ајндховен.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Ајакс - АЗ Алкмар
Ајакс моментално е 15-ти на табелата, во лигата нема победа на последните четири средби, а во големото дерби Феенорд го совлада со 4-0. Кога на тоа ќе се додаде поразот од Лудогорец, во четвртокот, на денот на вториот меч во Лига Европа, четирикратниот европски првак помина месец и половина без триумф?!
Од средината на август, избраниците на Стајн одиграа три официјални натпревари на домашен терен, на ниту еден не победија и само на еден успеаја да ја затресат мрежата на ривалот. АЗ, од друга страна, не знае за пораз на гости од март, кога станува збор за Ередивизие.
Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Ередивизие
Минатата сезона во Амстердам овие ривали играа без голови, додека во Алкмар беше 2-1 за АЗ. Од последните пет директни пресметки, „копјаниците“ победија само на една.
Ајакс е мал фаворит, но бидете внимателни со кецот. Многу работи не се во ред во редовите на рекордниот шампион. Головите се далеку подобар избор. Да речеме – ГГ3+.