ВИДЕО: Агуеро удри фан на Виган по провокација во домашното славје

Манчестер Сити сензационално загуби од Виган во осминафиналето на ФА Купот, а по победата од 1-0 на домашната екипа, фановите влегоа в терен да го прослават големиот успех со фудбалерите. Еден од најзагреаните во славјето се доближи до Серхио Агуеро и нешто му дофрли. 

Аргентинецот нервозно замавна и го удри во главата, а потоа продолжи да го брка низ тревникот, но за среќа беше сопрен да направи поголем инцидент. ФА многу веројатно ќе отвори постапка и најдобриот клупски стрелец ризикува нова суспензија. 

Натпреварот беше преполн со инциденти и зовриени страсти, а не нив не беше имун и менаџерот Пеп Гвардиола.