Агуеро со хет-трикот против Челзи се изедначи со легендата Ширер

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро имаше фантастична партија против Челзи, со која на листата по број на хет-трикови се изедначи со лидерот.

Агуеро даде три гола во дебаклот на Челзи на „Итихад“ (6-0), со што го запиша единаесеттиот хет-трик по доаѓањето во Премиер лигата. На врвот на листата се наоѓаше Алан Ширер, исто така со 11 хет-трика, но сега тој не е осамен, туку е рамо до рамо со Агуеро.

Манчестер Сити најавува жестока битка за трофејот до крајот на сезоната, а главен ривал за врвот им е Ливерпул на Јирген Клоп.