Агуеро смета дека Меси не треба да ја освои „Златната топка“ оваа година

Во финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се надигруваат Тотенхем и Ливерпул.

Токму од овие два тима, Серхио Агуеро смета дека треба да се бара освојувачот на „Златната топка“ и наследникот на Лука Модриќ. Ваквата изјава не им се допадна на фановите на Лионел Меси кои веруваат дека нивниот миленик ќе се закити си шестото одличје на крајот од годината.

„Мислам дека победникот на „Златната топка“ мора да биде фудбалер кој ќе игра во финалето на Лигата на шампионите“ , гласи пораката на напаѓачот на „граѓаните“.

Ако се земе предвид оваа изјава, Аргентинецот пред својот сонародник става имиња како Салах, Сане, Ван Дијк, Ериксен, Кејн...

Мечот за титулата ќе се одигра на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.