ВИДЕО: Агуеро прописно се посрамоти со неуспешна „паненка“ против Челзи!

Серхио Агуеро ја игра последната сезона во Манчестер Сити, а на натпреварот против Челзи, Аргентинецот се посрамоти во обид да изведе атракција.

Пред крајот на првиот дел Сити доби пенал. Одговорноста ја презеде напаѓачот и се обиде да го посрамоти Менди со „паненка“, ама на крајот тој беше оној кој беше посрамотен затоа што топката заврши директно во рацете на голманот.

  • Неуспешната „паненка“ на Агуеро:

Манчестер Сити е пред промоција на нов шампион на Англија, а Агуеро по крајот на сезоната ќе бара нов клуб. На Аргентинецот му е потребен уште еден гол во дресот на „граѓаните“ за да се израмни со Вејн Руни на листата по број на постигнати голови во еден клуб во ПЛ.