Агуеро: Се чувствувам фантастично, тоа се гледа во мојата игра

Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, вели дека се чувствува фантастично на почетокот на новата сезона и дека ќе работи напорно за да ја одржи добрата форма. Тој го пропушти финишот на минатата сезона, бидејќи мораше на операција на коленото, но проблеми сега се зад него. 

„Искрено, се чувствувам фантастично. Немам никакви проблеми со коленото. Не сум сигурен дали ова е мој најдобар старт на една сезона, но дефинитивно имам најдобро чувство. Тоа се гледа во мојата игра. Нареден предизвик ќе ми биде да го одржам ова ниво, ќе работам без прекин за да успеам во тоа“, вели Агуеро.

Тој на почетокот на новата сезона во Премиер лигата веќе постигна пет голови, вклучувајќи и еден хет-трик против Хадерсфилд.