Агуеро сака да остане во Премиер лигата, Челзи води во трката за неговиот потпис

Агуеро

Серхио Агуеро ќе биде еден од најатрактивните слободни агенти ова лето. Аргентинецот по една деценија ќе си замине од Манчестер Сити, но според некои медиуми не и од Премиер лигата.

Наводно желба на 32-годишникот е да остане на англиско тло, каде функционира долго време. Челзи засега е изразит фаворит да го доведе во своите редови, со оглед на слабата форма на Тимо Вернер.

Тука е и опцијата да замине во Барселона кај Лионел Меси, а се споменува и името на ПСЖ, како дел од кандидатите кои се интересираат за голгетерот.

Не би било изненадување ако Агуеро продолжи да тресе мрежи во англиското првенство. Засега од неговиот тим нема никакви знаци за напуштање на една од најсилните лиги на денешницата.

Легендата на Сити заминува поради големата конкуренција и недостатокот на желба кај управата за продолжување на соработката.