• Зоран Мишевски
Поранешен фудбалер на Барселона го тужи клубот, на големо изненадување на јавноста. Серхио Агуеро, поднел тужба против каталонскиот клуб поради неисплатени плати во износ од три милиони евра.
Аргентинскиот напаѓач потпиша за Барселона во мај 2021 година, но мораше да ја заврши кариерата во декември истата година, откако му беше дијагностицирана срцева болест.
Барселона требало да му исплати на Агуеро плата за првата година од договорот за осигурување, но осигурителната компанија одбила да му плати на фудбалерот со образложение дека тој имал проблеми со срцето уште од детството. Сепак, Аргентинецот смета дека Каталонците му должат три милиони евра обештетување за раскинувањето на договорот и поднесе тужба против клубот.
Агуеро одигра само пет натпревари, на кои постигна еден гол. Аргентинецот во својата богата кариера настапуваше за Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Дресот на репрезентацијата на Аргентина го носеше 101 пат и постигна 41 гол.