Агуеро мина без казна, ФА покрена постапка само против Сити и Виган

Голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, нема да биде казнет од страна на Фудбалската асоцијација на Англија, заради вчерашниот инцидент по натпреварот на неговиот тим против Виган Атлетик. 

Прволигашот Виган сензационално со победа од 1-0 успеа да го елиминира големиот фаворит од ФА Купот, а по завршувањето на мечот на терен влетаа голем број на приврзаници на домашниот клуб. Повеќето од нив се радуваа заедно со своите миленици, додека имаше и такви кои ги провоцираа „граѓаните“, а најдебелиот крај го извлече Агуерo, кој бил навредувам и плукан, па одлучи физички да се пресмета со еден навивач. 

Иако се очекуваше дека ФА ќе покрене постапка против Агуерo, сепак, на денешниот вонреден состанок се одлучи да не биде гонет Аргентинецот, туку двата клуба. Манчестер Сити и Виган до петок имаат рок да испратат извештај од овој случај.