ВИДЕО: Агуеро го потврди пласманот на Сити во финалето на ЕФЛ Купот

Сити

Англискиот шампион Манчестер Сити со втора победа против Бартон Албион (0-1) го потврди учеството во финалето на Карабао Купот. По високото славје од 9-0 на домашен терен, Пеп Гвардиола денес си дозволи да настапи со комбиниран состав.

Офанзивната линија на „граѓаните“ беше формирана од Кевин Де Брујне, Ријад Марез и Серхио Агуеро, кои комбинираа при постигнувањето на единствниот погодок на натпреварот. Белгиецот одлично додаде до алжирскиот интернационалец на десната страна, а овој асистираше до аргентинскиот напаѓач за водство по 25. минути игра. 

Кога прашањето на финалистот беше познато, премиерлигашот се обидуваше да постигне уште два гола со кои ќе стигнеше до несекојдневен рекорд. Ливерпул (двапати), Вотфорд, Евертон и Вест Хем победиле во овој Куп со 11 гола разлика во два натпревари. Сепак, на гостите тоа не им успеа и резултатот остана минимален.

Во второто полуфинале, Тотенхем утре ќе брани предност од 1-0 на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи.