Агрон Руфати пронајде нов клуб, ќе игра во соседството

Македонскиот стопер Агрон Руфати има нов клуб по разделбата со екипата на Горица од Словенија.

27-годишниот фудбалер се пресели во Косово, каде ќе го носи дресот на Приштина. Играчот веќе пристигна во Турција на подготовките, каде ќе ја темпира формата со тимот и ќе се воигрува за новата сезона.

Руфати во минатото беше дел и од младинските селекции на Македонија, а во професионалната кариера играше и за Динамо Сити од Албанија, Брера Струмица од Македонија, Академика Клинче од Романија, Зорја од Украина, Истра од Хрватска.

Како младинец беше дел од составите на Локомотива Загреб, Динамо Загреб и ХАШК.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.