Агрон Руфати по сезона и половина си заминува од Струмица

Екипата на Брера Струмица по Александар Ристевски потврди дека по завршената сезона ќе се раздели со уште еден фудбалер. 

Станува збор за младиот дефанзивец Агрон Руфати. 25-годишникот пристигна во Брера во јануари 2023 година, а сега по сезона ипол во Струмица реши дека е време за нов предизвик во кариерата. Сезонава Руфати беше стандарден кај Валенти и Круљ и одигра триесет натпревари. 

Инаку, во својата младинска кариера Агрон Руфати се развиваше во Динамо Загреб, а потоа и Локомотива Загреб. Во сениорскиот фудбал се промовира во Истра, потоа година и половина беше дел од Зориа Лугањск и мина полусезона во романска Академика.