• Горан Упале
Аргентинците дефинитивно не знаат да прифатат пораз, а тоа особено се однесува на голманот Емилијано Мартинез. По лошата партија против Колумбија, чуварот на мрежата на „гаучосите“ повторно го шокираше светот со своето однесување.
По натпреварот најдобриот аргентински голман направи неспортски гест кон снимателот, кој го снимаше додека го напушташе теренот.
Тоа не му се допадна на Мартинез, па следеше агресивна реакција. Наместо да продолжи во соблекувалната, голманот удри во објективот на камерата и за малку ќе го собореше и снимателот.
#FÚTBOL: ¿ESTE ES EL ÍDOLO ARGENTINO?
Así reaccionó ‘Dibu’ Martínez luego de llevarse dos goles de Colombia para su casa, al perder 2-1 en el Colombia vs Argentina en Barranquilla. ¿Qué opinas? pic.twitter.com/sXQgMxgNTA
Colombia Noticias (@CNotiWeb) September 10, 2024
Ова не е прв испад на голманот на Аргентина, тој стана познат по срамната прослава по финалниот натпревар на Светското првенство во Катар.