ВИДЕО: Агонијата на Шо продолжува – си даде автогол по само ДВЕ минути на „Сент Џемјс Парк“

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, продолжува со лошите игра во дресот на најтрофејниот премиерлигаш.

Ако на натпреварот со Тотенхем се спаси од чист црвен картон, вечерва по само две минути игра на „Сент Џејмс Парк“ одново ги шокираше фановите на „ѓаволите“. По една брза контра на фудбалерите на Њукасл, Крафт од полу-десно упати центаршут, а левиот бек на Јунајтед наместо да ја отстрани опасноста, ја закова топката зад грбот на Де Хеа.

  • Автоголот на Шо против Њукасл:

Јунајтед игра катастрофално во новата сезона на Премиер лигата и досега има запишано само една победа, а двапати останал со празни раце.