ВИДЕО: Агонијата на Шкендија продолжува, Бејтулаи го спаси шампионот од нов пораз! 

По победата од 0-4 на гости кај Гостивар во Купот, екипата на Шкендија им се врати на неуспесите во домашниот шампионат, каде го брани освоениот трофеј од ланската сезона.

Двата порази од Академија Пандев и Силекс без постигнат гол можеби требаше да го запалат „алармот“ во редовите на шампионот, но тетовчани продолжија по старо, откако попладнево не успеаја да запишат победа ниту пред својата публика. 

Во рамки од третото коло на Првата македонска фудбалска лига, тетовчани беа големи фаворити на дуелот со Македонија Ѓорче Петров, но тоа не го пресликаа на терен и благодарение на голот на дефанзивецот Бејтулаи избегнаа нова бламажа, за конечни 1-1 (1-1). 

Ќатип Османи за овој дуел се реши на клупата да го остави искусниот Агим Ибраими и во нападот предводници ги стави Фелипе, Бесарт Ибраими (капитен), Имери и Радески, кои добро соработуваа, им создадоа многу проблеми на гостинските дефанзивци, но пред нив секогаш застануваше одличниот Јовановски.

Голманот на „лавовите“ е главниот виновник што домашниот тим на паузата не замина со позитива од најмалку еден гол разлика, затоа што на неколку пати интервенираше фантастично при ударите на Фелипе, Ибраими и Имери. Прв се закани Имери, но од блокот топката заврши во корнер, потоа неуспешен обид од слободен имаше Ибраими, за потоа гостинскиот голман одлично да го одбрани ударот на капитенот на тетовчани.

И кога шансите нема да се реализираат, фудбалски следува казна, а таа стигна во 38. минута, кога „лавовите“ од својата прва голема шанса преку Едуардо стигнаа до водство. Но, радоста на „лавовите“ траеше само 180 секунди, а за тоа се погрижи Бејтулаи, кој со одличен скок по корнерот на Фелипе ја закова топката зад грбот на Јовановски и израмни на 1-1, резултат со кој завршија првите 45 минути. По израмнувачкиот погодок Ибраими имаше нова можност да го надмудри гостинскиот голман, но Јовановски повторно беше на висината на задачата. 

Османи незадоволен од реализацијата го остави во соблекувалната Имери и во игра во внесе Ибраими, кој донесе дополнителна креација и динамика во офанзивата на тетовчани, но ниту поранешниот репрезентативец на Македонија не успеа да го најде лекот за расположениот голман на гостите. Во 60. минута Ибраими испрати прецизен удар кон противничкиот гол, но Јовановски со нова парада спаси чист гол за домаќините. 

Бразилецот Стенио Жуниор беше новиот „џокер“ од клупата за домаќинот. Искусниот напаѓач влезе во игра на местото на Ибраими, но и тој се надоврза на сивилото на шампионот, па Македонија ЃП со херојско реми си замина од Тетово (1-1).

Следна шанса за успех на шампионот ќе биде новајлијата Борец, додека Македонија ЃП во четвртото коло на ПМФЛ гостува кај тимот на Силекс во Кратово. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 1 7 5 1 1 11:3 8 16
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 6 4 2 0 7:1 6 14
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 7 3 2 2 10:7 3 11
4 ШкендијаШкендија 2 7 3 1 3 8:4 4 10
5 РеноваРенова 2 7 3 1 3 6:8 -2 10
6 ШкупиШкупи 2 6 2 2 2 7:7 0 8
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 7 2 2 3 6:10 -4 8
8 РаботничкиРаботнички 1 7 2 1 4 6:10 -4 7
9 СилексСилекс 1 7 2 0 5 8:11 -3 6
10 БорецБорец 7 1 2 4 3:11 -8 5