Агонијата на Овиедо продолжува, Севиља убедлива за шести сезонски триумф

Екипата на Севиља без никакви проблеми го совлада Овиедо со убедливи 4-0 (2-0) во натпреварот од шеснаесеттото коло во шпанската Примера. 

  • Извештај од натпреварот: 

Домаќините одиграа одличен меч и заслужено ги освоија трите бода, а стрелци беа Акор Адамс, Џибрил Соу и Французинот Батиста Менди. Конечните 4-0 ги постави Чиндера Еџуке, кој стрелаше во 89. минута. 

За Севиља ова е шести сезонски триумф, со кој се искачи на осмото место на табелата, додека Овиедо го впиша десеттиот пораз и останува на претпоследната позиција во шпанскиот елитен фудбал.

Во финишот од мечот гостите останаа и со играч помалку, откако втор жолт картон заработи Давид Кармо. 

Во следното коло Севиља ќе има тешко гостување кај Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а Овиедо на домашен терен ќе го пречека незгодниот тим на Селта Виго.