• Горан Упале
Агонијата на англискиот гигант Арсенал продолжува и по заминувањето на Унаи Емери, откако ниту неговиот привремен наследник, Фреди Љунберг не знае за победа на два натпревари во низа на чело на тимот.
По ремито со Норич од пред неколку дена, вечерва „топџиите“ им приредија ново огромно разочарување на своите фанови на „Емирати“, откако загубија од Брајтон со резултат од 1-2.
- Арсенал - Брајтон 1-2:
Со овој неуспех, Арсенал ја продлабочи кризата во овој период од сезоната и веќе девет натпревари во низа во сите натпреварување не знае за победа, а со тоа ги минува најтешките денови во поновата клупска историја.
Иако беа големи фаворити на овој дуел, лондончани во ниту еден момент не успеаја да го оправдаат тоа, затоа што храбриот Брајтон знаеше како да ја казни кризата која ја тресе противникот и уште од самиот почеток тргна во офанзива, која вроди со плод во 36. минута. Стрелец на голот за „галебите“ беше Вебстер, кој најдобро се снајде во мешаницата пред Лено.
На полувреме се замина со позитива на гостите од 0-1, но само што започна вториот дел Лаказат на асистенција на Озил израмни на 1-1 и донесе надеж на домашните фанови. Сепак, Брајтон повторно ја врати контролата врз играта и Мупе со прецизен удар со глава ги постави конечните 1-2.
Со овој пораз Арсенал остана на десеттата позиција на табелата во Премиер лигата со 19 бода, само пет повеќе од Евертон кој е во опасната сезона (18-то место), а еден повеќе од Брајтон, кој скокна три позиции и сега е 13-ти.
Витална гостинска победа запиша Њукасл, кој славеше на теренот на Њукасл со 0-2. Головите за екипата на Стив Брус ги постигнаа Сен-Максимин и Џонџо Шелви.
- Шефилд Јунајтед - Њукасл 0-2:
Веќе в сабота започнува ново 16-то коло од Премиер лигата.