ВИДЕО: Агонијата на Арсенал нема крај – Рунарсон со почетничка грешка му подари гол на Сити!

Екипата на Арсенал е пред нов пораз оваа сезона, откако во дербито во Лига Купот има негатива од 1-3 против Манчестер Сити

„Граѓаните“ преку Хесус уште во раната фаза од натпреварот го отворија резултатот, но Лаказет се потруди за 1-1 на полувреме. Сепак, на почетокот на вториот дел резервниот голман на Арсенал, Рунарсон им подари погодок на гостите, откако со почетничка грешка дозволи слободниот удар на Марез да заврши во неговата мрежа. 

Инаку, исландскиот голман ова лето го засили Арсенал, откако ланскиот резервист меѓу стативите Мартинез се пресели во Астон Вила.