• Иван Димовски
Агон Елези постигна гол за Сараево во победата над Радник Бијелина (2-0) во шампионатот на Босна и Херцеговина.
Повремениот македонски репрезентативец стрела откако се најде на вистинското место во шеснаесетникот, со одмерен удар. Елези го матира голманот и донесе водство од 1-0 во 19. минута од натпреварот.
За Сараево во продолжението реализира Лука Менало, потврдувајќи ја победата.
Инаку, цел натпревар за победничкиот тим одигра Стефан Ристовски, додека во таборот на Радник како резервист настапи Иван Николов кому ова му беше деби.






