Агон Елези ќе ѝ помага на Горица да обезбеди опстанок во хрватската ХНЛ

Македонскиот репрезентативец Агон Елези, ќе ја продолжи кариерата во хрватскиот клуб, Горица, каде пристигнува на позајмица до крајот на сезоната. 

За Елези ова е враќање во Хрватска по неговиот, барем засега, неславен период во германскиот Бохум, а претходно три ипол години беше дел од тимот на Вараждин. Нашиот репрезентативец веќе се приклучи на тимот и ги одработи првите тренинзи, а стручниот штаб се надева дека ќе биде од голема помош за остатокот од сезоната. 

23-годишниот Елези ја започна кариерата во Шкупи, а потоа играше за Велазерими и Скендербеу од Албанија. За Вараджин одигра 60 натпревари и постигна шест гола. Горица во моментов е последнопласирана екипа на табелата и со сите сили ќе се бори за опстанок во елитата. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.