Агим Ибраими со двојна улога во Партизани, ќе биде и во стручниот штаб!

Албанскиот клуб Партизани официјално ја прекина соработката со тренерот Олтијон Кернаја, по серијата разочарувачки резултати кои сериозно ги нарушија амбициите на тимот.

Од клубот соопштија дека одлуката е донесена по внимателна анализа на настапите во последниот период, при што не биле исполнети поставените цели за сезоната. Во исто време, Партизани му се заблагодари на Кернаја за ангажманот и придонесот во водењето на екипата, посакувајќи му успех во понатамошната кариера.

До крајот на сезоната, тимот ќе биде предводен од нов стручен штаб, во кој важна улога има и спортскиот директор Агим Ибраими, инаку поранешен македонски репрезентативец, а сегашен функционер и во ФФМ.