• Мартин Танасковски
Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими има нов ангажман и ќе работи како директор во Албанија.
Ибраими, кој во моментов е член на Управниот одбор на ФФМ и е еден од соработниците на првиот човек на мак-фудбалот Масар Омерагиќ, е назначен за нов директор на Партизани Тирана, потврди клубот.
Некогашниот фудбалер има искуство како директор во Албанија, откако претходно работеше во тимот на Тирана.


