• Иван Димовски
Фудбалскиот клуб Тирана откри дека има нов спортски директор. Станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими. Тој е подготвен за ново поглавне во кариерата и ќе работи како спортски директор на Тирана. Во редовите на овој клуб на заминување е македонскиот интернационалец Филип Најдовски.
35-годишникот замина во фудбалска пензија во 2022 година по настапите за албанските тимови Динамо и Кукс. Претходно во кариерата Ибраими беше дел од доста клубови. Најдолго се задржа во Словенија каде што со успех играше за Марибор, а настапуваше и за Домжале и Олимпија Љубљана. Покрај тоа, играше за Каљари, Шкендија, Нафта, Астана, Ескисехирспор и вториот тим на Салцбург.
За репрезентацијата на Македонија тој имаше 39 настапи на кои даде седум погодоци.