Агим Ибраими двоен стрелец за Кукс во албанската Суперлига

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими продолжува со добрите партии и даде два гола во новата победа на Кукс во албанскиот шампионат.

Кукс успеа да слави кај Влазнија (2-4), а Ибраими беше двоен стрелец. Крилниот играч го вивна својот тим кон победата, откако во 14. минута го отвори резултатот, а потоа ја удвои позитивата од пенал во 22. минута.

Агим Ибраими зад своето име има три постигнати гола во албанската Суперлига. Кукс се наоѓа на петтото место и по пет одиграни кола има две победи, едно реми и два порази.