Агентите на фудбалери од Премиер лигата заработиле над 300 милиони евра

ФА Премиер лига

Клубовите од Премиер лигата во периодот од 1 февруари 2018 и 31 јануари 2019 година потрошија 303 милиони евра на сметка на агентите задолжени да ги договараат трансферите на фудбалерите.

Тоа е за 23% повисока сума од онаа исплатена во претходната година. Ливерпул е на врвот меѓу премиерлигашите со 51,1 милиони евра пред Челзи со 31,1 милиони и Манчестер Сити со 28,1 милиони евра.

Трошоците на клубовите од ПЛ за агентите:

Од јануари оваа година, биле испитани 173 фудбалери, 40 клубови и 38 агенти од страна на британската владина даночна агенција која се бори да спречи секаков вид на нерегуларности.