• Мартин Танасковски

Трансферот на Квича Кварацкелија во Пари Сен Жермен е најзвучниот кој се случи досега оваа зима, а интересно е што во менаџерскиот тим кој ја заврши работата имаше и агент по потекло од Македонија.
Во тимот кој цело време работеше на релација Неапол - Париз повеќе од седум месеци и успеа да договори трансфер од 70.000.000 евра, е Шкумбин Ќормемети, агент кој е Албанец родум од Дебар и има потекло од Македонија. Тој е и поранешен фудбалер на славниот македонски клуб Балкан.
Се работи за звучно име во светот на фудбалот меѓу агентите, кој низ своите раце успеа да продаде многу имиња од Балканот низ најдобрите лиги во Европа. Учествуваше во зделките на Ведад Муричи во Лацио, Алексеј Миранчук во Аталанта, Мирлинд Даку во Рубин Казан, Ибрахим Осман во Брајтон...
Инаку, главен застапник на Квича Кварацкелија е Мамук Југели од Грузија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.