• Иван Димовски
Африканците не се така трпеливи кога се однесува на фудбалот, а за тоа најдобро зборува крајот на групната фаза на Африканскиот Куп на нации. По крајот на истата, дури тројца селектори си заработија отказ.
Веќе беше познато дека Крис Хјутон ја плати цената на дебаклот на Гана и пласманот на третото место во групата. Освен него денес ова натпреварување зеде уште два селекторски скалпа.
И покрај тоа што го чекаа исходот на останатите групи, Брегот на Слоновата Коска се реши да му даде отказ на Жан Луис Гасет, а како привремен селектор е Емерсе Фае, Домаќинот заврши на третото место зад Екваторска Гвинеја и Нигерија во групата А, но со три освоени бода преку табелата на третопласирани остана во натпреварувањето.
Цената на дебаклот ја плати и селекторот на најголемото разочарување на турнирот. Алжир заврши на последното место во групата Д зад Ангола, Буркина Фасо и Мавританија, па иако има поголеми ѕвезди си замина дома. Поради тоа федерацијата му врачи отказ на Џамел Белмади.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.









