ВИДЕО: Африканската одбрана изиграна, Садилек по супер-акција ги израдува Чесите

Фудбалската селекција на Чешка рано го отвори натпреварот од второто коло од Светското првенство против Јужна Африка.

Радост на Чесите им донесе Михал Садилек по само шест минути игра. „Црвените“ одиграа одлична тимска акција и ја измамија противничката одбрана, а асот на Славија Прага ја имаше најлесната задача и погоди од непосредна близина.

За Чешка ова е втор погодок на Мундијалот, откако во првото коло од групата А стрелаше Крејчи во поразот од Јужна Кореја.