ВИДЕО: Африка ќе добие нов шампион, „слоновите“ по пенали го исфрлија Сенегал

Продолжуваат изненадувањата на Купот на африканските нации во фудбал. „Црниот“ континент ќе добие нов шампион, откако Сенегал по изведување на пенали загуби од домаќинот Брегот на слоновата коска по изведување на пенали (1-1, 5-4). Иако се протна во осминафиналето како една од најдобро третопласирани селекции, домаќинот стигна до победа во полноќниот трилер против Мане и другарите. 

  • Брегот на слоновата коска - Сенегал 1-1 (5-4):

Диало погоди во четвртата минута и Сенегал предноста ја задржа до самиот крај на натпреварот. Во 86. минута кога Франк Кеси успешно изведе пенал за домаќините и натпреварот отиде во продолжение.

Во дополнителните половина час игра немаше резултатски промени, па пеналите го решија победникот. Херој на домаќините пак беше Кеси кој ладнокрвно го измами Едуард Менди и донесе четвртфинале за „слоновите“.

  • Зеленортски острови - Мавританија 1-0:

Меѓу осумте најдобри се пласира и Зеленортските острови, кои ја совладаа Мавританија со 1-0.