Афричкиот куп на нации одложен за една година, ќе се игра во 2022

Пандемијата предизвикана од коронавирусот направи тектонски промени во светот на спортот. Откако беа откажани Европското првенство, Олимписките Игри и Копа Америка, на ред дојде и Афричкиот куп на нации. 

Натпреварувањето на Африка требаше да се одигра во јануари и февруари 2021 година, но истиот е одложен за точно една година, истиот период во 2022. 

Камерун кој ќе биде организатор гарантираше за безбедноста и покрај пандемијата, но од Африканската конфедерација решија турнирот да биде поместен. На минатогодишното издание во Египет, титулата ја освои репрезентацијата на Алжир, кој одново се очекуваше да биде меѓу претендентите.