• Горан Упале
Фудбалерите на АЕЛ Лимасол му сервираа слатка одмазда на тимот на АПОЕЛ и го освоија Купот на Кипар.
Пред само четири дена двете екипи се сретнаа во првенствен натпревар, на кој шампионот славеше со убедливи 4-0, но вечерва Куп-трофејот заврши во рацете на АЕЛ кои со 0-2 го совладаа големиот фаворит.
Резултатот беше отворен по само десет минути игра, кога бразилскиот офанзивец Жуниор ја затресе противничката мрежа, додека конечните 0-2 ги постави Адамовиќ во 66. минута.
Македонскиот интернационалец Давор Здравковски започна од првата минута и беше еден од најдобрите поединци во таборот на АЕЛ Лимасол.









