АЕЛ Лимасол го сакал Шишковски, ама управата реагирала доцна

Дамјан Шишковски по неколку години си замина од Кипар и земјата ја замени со Ерменија, меѓутоа за малку можеше да се случи да потпише за нов клуб од кипарскиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец стави потпис на договорот со ерменски Арарат. Тој беше член на Докса пред да потпише со новиот клуб.

Додека Шишковски преговарал со Арарат, а во меѓувреме управата на АЕЛ Лимасол го ставила како прва опција за трансфер. Следела реакција, меѓутоа таа пристигнала премногу доцна затоа што голманот веќе се договорил со Арарат.

Шишковски бранеше за Докса од 2020 година, а претходно бранеше за фински Лахти и Ропс, белгиски Гент и македонски Работнички.