АЕК потроши рекордни шест милиони евра за екс-ѕвездата на Тотенхем

Аргентинецот Ерик Ламела и официјално е ново засилување за грчкиот клуб АЕК од Атина. Трансферот конечно доби потврда, а Ламела добива тригодишен договор и треба да биде сериозно засилување за тимот. 

Ламела пристигнува од шпанската Севиља, каде не се изнаигра премногу, а најголем печат остави во дресот на Тотенхем, за кој одигра 117 натпревари во Премиер лигата и постигна 17 голови. 

Кариерата ја започна во Ривер Плата, а беше дел и од италијанскиот гигант, Рома. АЕК ѝ исплати на Севиља шест милиони евра, со што овој трансфер станува еден од најскапите во историјата на грчкото првенство и убедливо најголем во историјата на клубот од Атина. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.