АЕК нуди нов договор, Лука Јовиќ станува најплатен играч во Грција!

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ужива во одличен период во Атина, а според грчките медиуми наскоро ќе добие и награда за своите добри настапи.

Јовиќ е пред продолжување на договорот со АЕК за уште три години, што ќе биде логичен потег за двете страни. По доаѓањето во клубот, тој повторно ја пронајде вистинската форма и голгетерскиот инстинкт под водство на тренерот Марко Николиќ.

Минатата сезона српскиот фудбалер имаше фантастичен учинок - постигна 21 гол во сите натпреварувања, од кои 16 во грчката Суперлига, каде што беше најдобар стрелец и му помогна на АЕК да ја освои шампионската титула.

Особено се памети неговата партија против Панатинаикос, кога постигна четири гола во еден натпревар, нешто што ретко се гледа во грчкиот фудбал.

Поради одличните настапи, АЕК подготвува нов договор со кој Јовиќ ќе стане најплатениот играч во грчкиот фудбал. Според информациите од Грција, новата тригодишна соработка ќе му донесе околу девет милиони евра, и тоа без вклучени бонуси и дополнителни премии. 

Јовиќ ја започна кариерата во Црвена Звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид, Фиорентина и Милан. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.