ВИДЕО: АЕК Ларнака го шокира Кристал Палас, околу еден час за Костадинов во ремито на Сигма

Фудбалерите на АЕК Ларнака приредија сензација и славеа на гостувањето во Лондон кај Кристал Палас со 0-1 (0-0) во рамките на второто коло на Конференциската лига на УЕФА. Кипарскиот тим беше апсолутен аутсајдер пред мечот на „Селхурст Парк“, меѓутоа ги казни промашувањата на противникот и стигна до голема победа. 

  • Кристал Палас - АЕК Ларнака:

Палас беше апсолутно подобар на теренот во Лондон, се закануваше во повеќе наврати меѓутоа безуспешно. Течеш 51. минута кога АЕК го постигна решавачкиот гол. По грешка на лондончани топката стигна до Риад Бајиќ кој откосо испрати силен удар во поблискиот горен агол и стрела за 0-1, резултат кој се испостави како конечен. Кристал Палас до крајот притисна, но безуспешно и претрпе прв домашен пораз. 

Сигма Оломуц на Тихомир Костадинов освои прв бод во натпреварувањето, откако ремизира со Раков (1-1). Македонскиот репрезентативец беше стартер и на теренот мина 62 минути пред да биде заменет. Во финишот на средбата Сигма поведе со голот на Крал во 83. минута, меѓутоа Сварнас донесе бод за Раков.

Поразот на Зрињски од Мајнц 05 во Германија (1-0) од клупата го проследи Дарко Велковски. На останатите терени Лозана слави кај Хамрун (0-1), Линколн го совлада Лех (2-1), Самсунспор триумфира против Динамо Киев (3-0), Целје се дува кај Шамрок (0-2), а Универзитатеа и Ноах одиграа нерешени 1-1.