АЕК Ларнака го потврди потписот со Стефан Спировски 

Македонија ќе добие уште еден фудбалер во кипарскиот шампионат, откако репрезентативецот Стефан Спировски и официјално е дел од тимот на АЕК Ларнака.

По Мојсов и Тричковски, искусниот играч за врска треба да биде третиот Македонец кој ќе ги брани боите на АЕК Ларнака, кој ги потврди вчерашните шпекулации и објави дека своите редови ги засили со 29-годишниот битолчанец. Договор веќе има, а за истиот да биде официјален Спировски треба да ги мине уште лекарските прегледи. 

Стефан Спировски ја почна кариерата во Пелистер, играше за Борац Чачак, беше на позајмица кусо во Работнички, настапуваше за бугарскиот Берое, се афирмираше како репрезентативец во дресот на Вардар, а потоа две години настапуваше и за унгарскиот Ференцварош. Во израелскиот шампионат, иако играше неполна една сезона, остави одличен впечаток во дресот на Хапоел Тел Авив. 

За селекцијата на Македонија запиша 31 настап и во последните неколку години е еден од нашите најстандардни репрезентативци.